• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Трио Таксим од Истанбул го отвори четвртото издание на „Џез фест“ во Тетово

Во текот на вечерта триото на сцената го повика 10 годишниот ученик Ерденај Салиу од Тетово да настапи заедно со нив со неговиот кларинет. 

12/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со двочасовен настап на Хусну Сенлендиричи, Исмаил Тунчбилек и Ајтач Доган членови на Трио Таксим од Истанбул, Турција вчера вечер започна четвртото издание на „Џез фест 2019“ во центарот за култура во Тетово. Тројцата музичари на кларинет, баглама и канун го презентираа музичкото наследство на Турција во џез форма.  Во текот на вечерта триото на сцената го повика 10 годишниот ученик Ерденај Салиу од Тетово да настапи заедно со нив со неговиот кларинет.

-Овој четврти по ред „Џез фест“ укажува дека манифестацијата стана сериозен уметнички бренд кој ќе ја промовира џез културата во нашата земја. Тетовскиот џез феставал со својата куса но значајна уметничка биографија е една од манифестациите кај нас кои со одличниот избор на музичари овозможи и Тетово да биде дел од глобалната џез сцена-рече на отворањето министерот за култура Хусни Исмаили.

Вечерва од 20 часот влезот на Џез фест е слободена, а настапуваат браќата Тавитијан, заедно со Рани Круја музичар по потекло од Мароко.  Линда Рукај гитаристка од Албанија, настапува во петок од 20 часот со музичари од цела Европа, додека гитаристот Агрон Пени од Косово со бендот на четвртата вечер во сабота во истиот термин. Фестивалот завршува со настапот на музичари од цела Македонија во недела од 19 часот како квинтет заедно со вокалот Нита Речи од Струга.

Тагови: таксим триоџез фест

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Кошаркарите на Тетекс започнаа да се подготвуваат за новата сезона

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.