Дел од вчерашна манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ беше претставување на женски долонополошки народни носии.
Кај женската долнополошка носија впечатлива е белата долга и тенка кошула која е богато извезена со црн вез и окца од срмен тел по долниот дел, кој е позастапен од задната страна. Предната страна е покриена со две скутини односно голема завјачка и мало скутинче опашани една врз друга. Горниот дел од носијата варирал зависно од возраста на жената и нејзината функционална намена која содржела свои естетски одлики.
Во горниот дел кај долнополошката женска носија може да се забележи бела клашна или платно, салтевере, клашеник, горник и шубаре. Главата на жените од овој регион била красена со фес со подгушник или подбраник, а се прекрива со бела крпа. Оваа носија има впечатливи украсно елементи и везбени декорации.
Невестинските носии во овој регион се истакнувале со тоа што биле дополнети со бројни декоративни елементи како срамуалка, појас со с’скавци додатни ракавчиња или заврачалке, украсни вотузи и разновиден накит со кој носијата добива специфична одлуика и посебен естетески ефект. Главата на невестата била прекриена со бела покривка извезена со геометриски мотиви од свилени конци и наплитици односно низа од плетенки од црна волна.
Во првиот пример се работи за млада девојка која што ја разликуваме според украсните финеси на самата носија, руменилото и подбрадувањето кое што е истакното според годините на девојката од прилика на 12-13 години.
Во вториот пример се работи на девојка спремна за мажење кај која е застапен побогата колоритна орнаментика што претставува убавина и младост.
Во третиот пример се работи за стара жена која што е во поодминати години за која може дас е забележиме дека е застапена носија која што не е толку уркасно истакната за разлика од другите и забрадувањето е изведено во поедноставна форма и таа по локална терминологија се нарекува оробитна жена.
А.С