Тројца нови заболени од Ковид-19 се евидентирани во изминатите 24 часа во тетовскиот центар за јавно здравје.
-Од трите нови случаи двајца се жители на општина Тетово додека еден позитивен тест има кај жител на општина Желино, информира д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.
Кризниот штаб при општина Тетово денес не го одржа вообичаениот понеделнички состанок.
Од полицијата информираат дека изминатото деноноќие за неносење заштитни маски на 49 луѓе во тетовскиот регион им се издадени прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
А.С