• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Универзитет во Тетово:  Да веруваме во медицинските лица и нивниот придонес за јавното здравје

01/06/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Универзитетот во Тетово во соопштение до јавноста упати загриженост поради епидемиската состојба како и апел до граѓаните да ги почитуваат препораките. Иако е алармантна состојбата, сепак секој може да придонесе за подобрување на состојбата, велат од таму.

-Според последните податоци од здравствените установи – надлежни за управување со состојбата од пандемијата Ковид-19, ја споделуваме нашата загриженост за влошувањето, ширењето и енормното зголемување на бројот на лицата заболени од вирусот корона. Во овие исклучително загрижувачки околности за сите нас, апелираме до сите граѓани на земјата да бидат претпазливи и строго да ги спроведат препораките кои произлегуваат од официјалните протоколи на Светската здравствена организација, Владата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Во овaa алармантнa состојба, одржувањето на физичка дистанца, носењето маска и лична хигиена се задолжителни во заедничката борба против оваа глобална пандемија, потенцираат од Универзитетот во Тетово.

Од Универзитетот порачуваат дека граѓаните треба да им веруваат на медицинските лица кои се вистинските стручни и оспособени луѓе за борба против Ковид-19.

-Исто така, игнорирањето на дезинформациите – лажните „вести“, во овој период е уште една друга обврска на секој од нас. Затоа, да им веруваме само на епидемиолозите, инфектолозите, кои со многу професионализам, посветеност и хуманизам ја даваат својата помош за јавното здравје. Денес, секој од нас може да го „биде“ лекар, ако навистина се придржува кон сè што препорачуваат тие, денес секој од нас „лечи“ пациенти ако не ги инфицира другите. Заедно ги надминавме најтешките предизвици во минатото и благодарение на пожртвуваноста и посветеноста – успеавме, и овој пат ќе успееме со заедничка одговорност и посветеност, истакнуваат во сооштението до јавноста од Универзитетот во Тетово.

А.С

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Во првиот ден над 300 пријави за запишување првачиња во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!