• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Учебна година со голем број награди за учениците од ОУ „Братство-Миѓени“- објект Спортски центар Тетово

Во училиштето беше подготвена и невообичаена завршна приредба насловена „Да го оживееме училишното ѕвонче” на која се претставија учениците кои имаат таленти за музика, пеење, сликање, драма и слично.

17/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Бројни награди за освоени први три места на општински, регионални и државни натпревари бележат учениците и нивните наставници од основно училиште „Братство-Миѓени“- објект Спортски центар во Тетово во оваа учебна година.  

Помошник директорот Небојша Арсиќ ги потенцира успесите на Елена Трифуноска, осмо одделение која самата има освоено три награди од државни првенства. Таа освои второ место на републичкиот натпревар по физика, како и трети места на натпреварите по биологија и математика.  На државно првенство награда има освоено и четврто одделенката Јана Стефаноска, која има второ место на натпреварот по природни науки.

На регионалните натпревари прво место имаат освоено Гораст Марковски (шесто одделение) по англиски јазик, Ана Аврамовска по географија, Татјана Илиевска (седмо одделение) по математика и Елена Трифуноска (осмо одделение) по математика. Втори места освоиле Милош Ивановиќ (шесто одделение) по математика, Мила Глигоровска по математика и Глигорие Гоговски (седмо одделение) по математика, Јана Стефаноска (четврто одделение) по природни науки. Трети места имаат освоено Андреја Петровски, трето одделение по англиски јазик и Марија Јосифоска (четврто одделение) по природни науки.

-Во нашето училиште заедно со подрачното во Сараќино имаме околу 500 ученици од прво до деветто оддление, па самата бројноста создава голема конкурентност и натпреварувачки дух. Сметам дека имаме квалитетен кадар, наставнички од одделенските паралелки чии ученици во шесто одделение се значајно подготвени за следење настава, со стекнати навики за учење и стекнување знаeње. Понатаму наставниците во погорните одделенија максимално се вложуваат во надграбата на учениците со додатна настава и различни видови активности со кои се стекнати и големиот број резултати и награди од државни, регионални и општински натпревари, изјави Небојша Арсиќ.

 

Во училиштето беше подготвена и невообичаена завршна приредба насловена „Да го оживееме училишното ѕвонче” на која се претставија учениците кои имаат таленти за музика, пеење, сликање, драма и слично.

А.С

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Притвор од 30 денови за тројцата приведени приведени во тетовско Нераште локација со 100 садници канабис сатива

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!