Во средното стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово денес беше потпишан меморандум со кој ќе се овозможи функционирање на паралелка на ученици кои ќе имаат дуалното образование, односно практичен дел од наставата ќе изведуваат во соодветна компанија. Станува збор за паралелка за техничар за производство машинство, а учениците практичната работа ќе ја изведуваат во германската корпорација КИЕЛ која има фабрика во тетовско Желино.
-Практична настава ќе се одвива во компанија, со ментор за ученикот. Компанијата ќе дава надоместок за практична настава. Доколку учениците се покажат може да се добијат и други бенефиции. КИЕЛ обезбедува стандарди според германската стопанска комора. Профилот е техничар за производно машинство, а има девете ученици на македонски наставен јазик. Во иднина ќе има уште една паралелка, истакна Небојша Трпковски, директор на училиштето.
Меморандумот за ваквата соработка ја потпишаа училиштетото, компанијата и делегација на Германското стопанство во Северна Македонија.
-Групацијата КИЕЛ изработува системи за седење за возови, и за автобус во рамки на фабриките низ Европа. Компанијата е силен и сигурен партнер кој се залага за ексклузивност и иновативност и исклучителен квалитет. Вклучени сме во проектот за дуално образование според германаските стандарди во соработка со училиштето „Моша Пијаде“. Преку прогамата имаат студентите имаат можност да се запознаат со релевантните процеси, поддршка од целиот тим е загарантиран, ќе ги стекнат специфичните и технички знаења и ќе им бидат презентирани насоките за нивен понатамошен развој, истакна Елена Ацовска од одделот за човечки ресурси при КИЕЛ.
Во првата година фокусот е ставен на теоретското знаење, додека практичната работа ќе започне во втора година од четиригодишното образование на учениците.
А.С