Универзитетот на Југоисточна Европа информира дека Факултетот за современи општествени науки реализирал четири дневна конференција посветена на миграцијата во 2020 година која поради пандемијата е организирана преку интернет. Биле презентирани речиси 350 научни трудови, две пленарни сесии и тркалезна маса.
-Експертите од областа на миграцијата се осврнаа на различни аспекти на овој феномен, презентирајќи истражувања, модели за решавање на овој проблем и презентираа конкретни резултати поврзани со оваа чувствителна глобална сфера.Вработените од Факултетот за современи општествени науки, деканот проф. д-р Мемет Мемети, и ко-претседавачот на оваа конференција, проф. д-р Мерита Зулфиу-Алили, постојано придонесуваа за напредокот на овој академски настан, соопштија денес од канцеларијата за односи со јавноста при УЈИЕ.
Конференцијата за миграција во 2020 година се одржа он-лајн, во периодот од 8-11 септември.
А.С