Фаница Николоска, носителка на листата со кандидати за пратеници од СДСМ во коалицијата „Можеме“ денес оствари средби со граѓаните на Брвеница, информираат од Центрот за комуникации со јавност при СДСМ.
-Жителите на Брвеница ја гледаат разликата, тие добро знаат кој се грижи за граѓаните и за нивните потреби. Во Општина Брвеница реконструирана е и рехабилитирана улицата Браќа Јаниќ во селото Брвеница. Изградивме систем за одведување на отпадни води за населените места Брвеница и Долно Седларце, што беше пуштен во употреба во октомври 2019 година. Изградивме детска градинка во с.Брвеница со капацитет од 80 деца, која почнува со работа во септември. Во иднина продолжуваме со уште посилна динамика на централната и локалната власт преку вистински проекти за граѓаните. Затоа, преку програмите за рурален развој продолжуваме да водиме грижа за рамномерниот регионален развој на сите наши региони во државата.
Развојот на општина Брвеница го забрзуваме со 657.291,00 евра обезбедени од грант од Светската банка за локални патишта. За наредниот период предвидовме реконструкција на локалниот пат од селото Милетино до селото Блаце, клучка за приклучок на автопатот Скопје – Гостивар. Целосно ја препознаваме важноста на инфраструктурата како основа за директни инвестиции, конкурентност на економијата и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Во носењето на инфраструктурни, економски и развојни стратегии ги вклучуваме и аспектите на климатските промени и потребите на животната средина на национално и на регионално ниво. Нашиот фокус го насочуваме кон изградба на нови 500 километри водовод и канализација, за што ќе обезбедиме 100 милиони евра за сите општини во Република Северна Македонија, истакнува Фаница Николоска.