• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Физибилити студија за развој на Попова Шапка со прва презентација пред владините тела

11/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на АД ЕСМ Васко Ковачески одржаа прес-конференција на која соопшттија дека е завршена физибилити студијата со која ќе започне постапката за одлучување како ќе се развива Попова Шапка во иднина.  Презентација на физибилити студијата денес за владините функционери и други засегнати страни одржаа од консултантската куќа Прајс Вотерс Хаус Куперс, претходно одбрана на тендер.

-Оваа студија  треба да ни ги каже сите можни решенија, односно што ние како сопственици на Попова Шапка треба да одлучиме кои се најисплатливите, најодржливите можности и решенија кои се во интерес на сите граѓани не само финансиски туку и на туристите. Станува збор за повеќе опции и решенија, можеби концесионерство, јавно приватно партнерство, можеби други начини на форми и управување. Во следна фаза од постапката треба да одлучиме како понатаму се во интерес на Шапка да функционира како што заслужува, изјави Васко Ковачески, директор на АД ЕСМ.

Дел од следните постапки е и јавна дебата, а на крај и Владата ќе одлучи откако ќе се добијат сите сугестии од засегнатите страни, потенцираат владините функционери.

-Ние како Влада во потполна соработка со АД ЕСМ во оваа година завршивме со градба на шестоседот, но не застануваме тука во најкраток рок со консултанската куќа АД ЕСМ има конкретени предлози дју дилиџенс и физибилити студија врз основа на што ќе се донесат одлуки за да се развие Шапка и да биде современ центар, кој ќе има позитивно влијание и на локална економија, но и за целата држава и регионот. Со инвестиции продолжуваме се со цел овој ски центар да биде еден од најдобрите, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Трошоците за оваа физибилити студија изнесува 8 милиони денари.

 

Тагови: физибилити студијашапка

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Презентацијата на физибилити студија за Попова Шапка недостапна за новинарите, невладините реагираат и на зачестеноста од такви анализи

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.