Одредени недоразбирања во соба во тетовската болница завршила ноќеска со физичка пресметка. Како што се дознава двајца тетовци довеле другар кој бил во алкохолизирана состојба во болницата, а во собата во која биле о започнала расправија и физичка пресметка со други лица кои веќе биле таму.
-Вчера во 23 часот во СВР Тетово, вработен во тетовската клиничка болница пријавил дека во една од болничките соби на Интерното одделение бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Б.(29) и С.Р.(26) од една и Н.А.(46) и Ј.А.(41) од друга страна, сите од Тетово. Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.
Инволвираните ќе се соочат со прекршочна пријава за нарушување јавен ред и мир.
А.С