• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Физички напади врз полицаец и сопственик на локал во Тетово

Полицискиот билтен бележи и Сириец кој сам се пријавил за нелегално влегување во Македонија

10/03/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Ноќеска (10 март ) во 3 часот и 35 минути, Д.П.(21) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека околу 1 часот во неговиот угостителски објект на улица „133“ во Тетово, физички бил нападнат од три лица, од кои две познавал од порано, кои биле под дејство на алкохол и во објектот искршиле дел од инвентарот, информира денес СВР Тетово.

Вчера (9 март) околу 11 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово кои преземале мерки околу паркирањето на улица „Маршал Тито“ во Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот Е.С. од тетовска Голема Речица, кој се однесувал агресивно кон нив, ги навредувал, а потоа и физички нападнал еден полициски службеник. Е.С. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Вчера (9 март) околу 20 часот и 30 минути, во Полициското одделение Групчин се самопријавил сирискиот државјанин Н.Г.(26), кој илегално влегол во нашата земја од Република Албанија, откако претходно бил во Турција и Италија, а кој планирал да замине во Србија. По кусото задржување во Полициската станица Тетово, Н.Г. предаден е во Транзитниот центар Табановце, соопшти СВР Тетово.

А.С

 

Поврзани објави

Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Следна објава

Дебата на УЈИЕ : „Прогнозирање и мерки на ефектот на коронавирусот врз економијата“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.