Во зградата на Општина Тетово денес се организираше првиот од предвидените четири форуми -дел од промоцијата на Шар Планина како иден национален парк.
Форумите се организираат во рамки на кампањата за прогласување на Шар Планина за национален парк која се спроведува од „Центарот за едукација и развој“ од Теарце и платформата „Пријатели на Шара“ со поддршка на Канцеларијата за животна средина на Обединетите Нации – УНЕП и во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
-На форумот учествуваат главните луѓе што работеа на изготвување на студијата за валоризација, а врз основа на тоа се изготвува и законот за прогласување на Шара за национален парк. Токму затоа сите овие луѓе што во рок од 2-3 години работеа на овој процес има потреба да се сретнат со локалните чинители, со оние кои имаат многу нејасноснотии се со цел да се разјаснат. Идејата е да се презентира таа студија, да се разјаснат работи што можеби и за нас не се јасни и да се одговора на прашања што ги имаат ловџиите, ги имаат месните заедници, активистите итн, изјави Метин Муареми од платформата „Пријатели на Шара“
Славчо Христовски, професор од Институт за билогија кој беше дел од експертски тим за изработка на студија за валоризација, вели дека со прогласување на Шара за национален парк треба да се стави ред за многу работи како и за актуелните градби на мали хидроцентрали, за кои јавен револт периодов искажува локалното население, планинари и екологисти како засегнати страни.
-Во студијата почнувајќи од стари проекти, пример хидросистемот Шарски води, некои други зафати за водоснабдување на население, различни зафати за наводнување но има и информации захидроенергетски објекти како мали хидроцентрали. Во моментов се изградени функционираа над 15 вакви објекти, според стратешки стари документи предвидени 50-тина на најголем дел од водотеците. Според мое лично мислење, природните вредности на Шар Планина треба да се искористуваат првенството за луѓето кои живеат на Шар Планина за нивно водоснабдување и за развој на различни форми на туризам бидејќи ова подрачје навистина изоболува со вредности и дава можност еден таков развој. По прогласување на национален парк треба да има пресек на состојбата, да се знае што е изградено и во иднина ваквите објекти да не се градат би рекол јас, лично мислење, да се престане со таквата пракса. За овие веќе постоечките објекти да се наметнат правилата кои веќе зацртани во нашата законска рамка, односно да се врши мониторинг со цел да се обезбеди колку е можно нивно функционирање во склад со потребни на природата и за локалното население, истакна професорот Славчо Христовски.
Покрај во Тетово форуми со населението се предвидени во Врапчиште, Боговиње и Теарце
-Делот околу организирање на кампањата ние би требало да завршиме некаде најкасно до 15 октомври. Делот што зависат од другите чинители, како Влада и Парламент не може да влијаеме. Се надеваме дека до декември ќе биде во собраниска процедура, истакна Метин Муареми.
Сите забелешки од јавната расправа како овие форуми треба да бидат дел од студијата и нацрт законот со чие усвојување формално правно Шар Планина треба да биде прогласена за национален парк .
А.С