• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 29 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Фрлен и несобран смет и кабаст отпад и пред градинки и училишта во Тетово

Иако има и контејнери на фотографиите од пред објектот Стара градинка се забележуваат несовесните постапки на поеднци и оставените делови од кревети, друг вид мебел и смет.

16/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Оставање на смет па и остатоци од мебел и сличен покрупен отпад и шут е сликата која ја има насекаде па не се изостабени и местата пред градинките и училиштата.  Иако има и контејнери на фотографиите од пред објектот Стара градинка се забележуваат несовесните постапки на поеднци и оставените делови од кревети, друг вид мебел и смет.

-Како вака да ги воспитуваме децата кога гледаат насекаде фрлен смет. Па и пред нивните градинки и училишта. Попусто што ние родителите и учителките ги учиме децата како правилно да постапуваат со сметот, кога пред самите училишта се гледаат огромни купишта смет, реагираат родителите.

Сметот што се фрла насекаде во Тетово веќе долго време „создава“ и така наречени црни точки-кај православните гробишта, околу стариот градски стадион, недоградената спортска сала кај спортскиот центар, кејот и коритото на реката Пена.

За кабаст и друг поголем отпад граѓаните од комуналното претријатие се упатуваат да го носат кај претоварната станица на патот од Тетово кон Фалише.

-Цврстиот отпад како мебел за домаќинства, санитарна опрема, градежни материјали, гранки од дрвја и др. Не треба да се остава на места каде што е забрането бидејќи освен што ја загадува животната средина, предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад. Отпадот може да се однесе на новата претоварна станица на патот Тетово кон Фалише, велат од јавното комунално претпријатие „Тетово“.

На неодамнешната јавна дебата за буџетот во 2020 на прашање на граѓаните колку  има инспектори и колку се казнуваат несовесните постапки на луѓето со фрлање на отпад на несоодветени места претставниците на општинскиот инспекторат посочија дека имаат напишано 16 казни во 2019 година.

-Имаме четворица инспектори за животна средина, но и други кои работат на терен без. Од почетокот на минатиот месец започнавме со целодневни инспекции и со продолжени часови на работа Инспекторите се на терен од 10 до 22 часот, истакна Гзим Ганиу, од општинскиот инспекторат.

На веб страницата на општината за “E-рапорт” и телефонската линија 0800-55-043 за пријавување на еколошки проблеми чести се пријавите за примери со фотографии каде се забележува палење на отпад.

Тагови: Тетовофрлен и несобран смет

Поврзани објави

Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Следна објава

Тетовската пожарна со апел да се исчистат оџаците како превенција од пожари

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.