Избраниот пратеник од листата на ДУИ, Фљорин Бесими, од Тетово преку соопштение денес најави дека ќе го врати мандатот за да не дојде до конфликт на интерес со оглед дека брат му Фатмир Бесими е предложен за министер за финансии.
-Останувајќи убеден во принципите за еднаквост, правда, еднакви можности за сите, и почитувајќи ги во целост законите како и вољата на народот, изјавувам дека останувам доследен и го враќам мандатот на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, со цел да се ибегне можен конфликт на интереси со мојот глас во собранието.Оваа одлука ја донесов на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада, која произлезе од гласот и вољата на граѓаните на парламентарните избори одржани на 15 јули. Оваа моја одлука е по предходна консултација и потполна координација со претседателот Али Ахмети. Оваа одлука ќе се спроведе според законот и нормативните процедури на Собранието, вели во соопштението Фљорин Бесими.
Тој се враќа на директорската функција во клиничката болница во Тетово.
-Се враќам во служба на граѓаните, таму каде можам повеќе да допринесам, во мојата професија, во мојот град, вели Фљорин Бесими.
Тој на кандидатската листа на ДУИ во шестата изборна единица беше на втората позиција веднаш по партискиот лидер Али Ахмети.