• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Христијан Мицкоски на средба со Биљал Касами во Тетово

18/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на Тетово и воедно претседател на Движење Беса Биљал Касами денес имаше средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во зградата на тетовската локална самоуправа. Двајцата истакнаа дека зборувале за решенија за кризите во државата.

-Со Христијан Мицкоски разговаравме за соработката на централно ниво, за изнаоѓање на решенија во делот на кризата во која се наоѓа државата како и во меѓународно ниво, на внатрешен план за економската криза која е посериозна во делот на енергетската криза, разговаравме во делот на тоа како да ги координираме активностите за да имаме побрзи избори и волјата на народот да биде на централната власт, Владата да биде согласно гласовите на народот, истакна Касами.

И Христијан Мицкоски рече дека имале конструктивен состанок и разговар за актуелните теми кои ги мачат сите граѓани.

-Разговаравме за актуелната политичка и економска ситуација како што кажа градоначалникот за предизивицте за енергетската криза.  Дојдовме до еден заеднички заклучок дека и тоа е заклучок на огромно мнозинство граѓани дека држава оди во погрешен правец, дека Македонија се движи во погрешен правец и дека оваа Влада треба час поскоро да замине за да и тргне на Македонија и граѓаните на Македонија без разлика дали се тоа граѓаните на Скопје, Штип, Тетово, Струга. Колку подолго оваа Влада на СДСМ и ДУИ остане таму каде што е толку повеќе проблеми ќе имаат сите граѓани толку повеќе полни автобуси ќе ја напуштаат Македонија и најголем дел од нив никогаш нема да се вратат, толку повеќе ќе имаме корупција, криминал, ќе имаме лоша економска состојба. Ако некогаш бевме лидери во регионот според економскиот раст и бројот на инвестиции за жал денеска сме на самото дно и поразувачки факт е тоа, истакна Мицкоски.

На новинарско прашање дали станало збор на средбата за другите теми на локално ниво Мицкоски истакна дека не би требало да има теми кои би останале табу. Според него секоја тема треба да се отвора и треба да се затвора и дека вво Македонија има премногу теми отворени, а многу малку затворени. 

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Движење Антикоцкање бара објекти на игри на среќа подалеку од сите јавни институции, а не само од основни и средни училишта

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.