Невладините организации АДРР „Сонце“ од Тетово и Ромски ресурсен центар од Скопје во партнерски проект обезбедија пакети со храна, хигиенски производи и школски прибор за 46 деца од ромската заедница кои се во предучилишна возраст како и 35 таблети за следење настава за ученици од основните училиште. Помошта ќе биде поделена во соработка со општинскиот сектор за образование и градинките.
-За следењето настава на интернет таргетираните деца кои добија таблети ќе добијат и СИМ картички со интернет кои како ваучери ги доделува Министерството за труд и социјална работа, изјави Ферди Исмаили, од Асоцијата за демократски развој на Ромите Сонце од Тетово.
Градинките од јавната установа „Младост“ со двете организации соработуваат и од порано.
-Во 2017 година проект со Ромски едукативен центар и Сонце беше основа за згрижување на деца од ромската заедница, истакна Рамие Даути, директорка на „Младост“.
-Тоа што го постигнавме да немаме осипување на деца Ромите во образованието е постигнато. Сега нема да мислиме дали ќе одат на училиште или не, бидејќи ќе одат. Во иднина ќе се работи за зголемување на квалитеитот да ги насочиме на натпревари, проекти и со тоа да постигнеме квалитна инклузија на ромската заедница во општеството, изјави Ахмед Ќазими.
Освен во Тетово, проектот ќе се спроведува и во Шуто Оризари и во Гостивар.
А.С