• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Целосна реконструкција на градинка и нов објект во Тетово

Тетовската градоначалничка Теута Арифи најави дека ќе има нова градинка во просториите на основното училиште „Кирил и Методиј“, при денешната посета на објектот Стара градинка каде се врши целосна реконструкција.

06/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската градоначалничка Теута Арифи најави дека ќе има нова градинка во просториите на основното училиште „Кирил и Методиј“, при денешната посета на објектот Стара градинка каде се врши целосна реконструкција. За новата градинка готова е потребната документација, потенцираше градоначалничката.

Ние во ОУ „Кирил и Методиј“ ја спремивме целата документација, ги издадовме сите дозволи, во комуникација сме со Министерството за труд и социјална политика, во принцип како обврски кои ги имаме сметаме дека евентуално може да има ситни работи кои може да ни бидат побарани. Таа градинка ќе се гради со средства на ИПА фондот, за кои се квалификувала нашата држава и се надеваме дека тоа ќе биде исто така еден голем нов капацитет за децата во општина Тетово, рече Арифи.

Објектот „Стара градинка“ се реконструира веќе еден месец, а прогнозите се дека до крајот на август ќе биде готов.

Се прави темелна реконструкција-ѕидови, електричните инсталации, санитарните чворови и се што е потребно. Со еден збор генерална реконструкција на сите витални системи кои се потребни градинката да биде непречено функционална. Добрата логика на соработка на институциите дава позитивни резултати на терен.Ние ќе продолжиме на овој начин да имаме што е можно подобри инфраструктурни услови, рече Арифи.

Реновираме цел објект благодарение на поддршката на општина Тетово и дел од сопствените средства на градинката , благодариме на градоначалничката што не направи горди што работиме во градинка бидејќи не е лесно да се работи во такви услови да се работи со бројот на деца кои доаѓаат тука. Оваа година децата ќе имаат добри услови и ќе бидат порекласирани и вработени, рече Рамије Даути, директорка на јавната општинска установа детски градински „Младост“  Тетово.

Од двете установи најавија активности и во други градинки со цел подобрување на условите за престој на децата и работа на стручниот кадар.

Тагови: градинкановобјектреконструкцијаТетово

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Во тетовските средни училишта запишани 1315 ученици

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.