• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Центарот за развој на Полошкиот плански регион со проект за зајакнување на алтернативниот туризам

Сите заинтересирани граѓани може да учествуваат со свои сугестии, забелешки и коментари во рамки на изготвување на проект на Центарот за развој на Полошкиот плански регион каде што главната цел е зајакнување на економскиот развој со зголемување на конкурентноста на регионот како туристичка дестинација со ефикасно прилагодување на барањата на домашниот и на странските пазари и придонесување во создавање на нови работни места.

16/04/2020
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Сите заинтересирани граѓани може да учествуваат со свои сугестии, забелешки и коментари во рамки на проект на Центарот за развој на Полошкиот плански регион каде што главната цел е зајакнување на економскиот развој со зголемување на конкурентноста на регионот како туристичка дестинација со ефикасно прилагодување на барањата на домашниот и на странските пазари и придонесување во создавање на нови работни места.

Имајќи ги во предвид вонредните мерки на Владата, од Центарот информираат сите сугестии да се поднесат со пополнување на формулар и истиот да се испрати по електронски пат. Рокот е до 24 април, нa следните е-маил адреси: ljubomir.petkovski@lrcp.org.mk и/или info@rdcpolog.mk .

-Проектот за локална и регионална конкурентност“ и под-проект “Зајакнување на алтернативниот туризам во руралните подрачја на Полог” се: реконструкција на општински патишта Старо Село- планинарски дом Љуботен, Јегуновце-планинарски дом Цер,  набавка и поставување на контејнери собирање на отпад на Попова Шапка, зајакнување на капацитетите на Јавното Комунално Претпријатие (ЈКП) „Тетово” со набавка на возила за собирање на отпад на Попова Шапка (камион, трактор, багер);регулирање на планинарската инфраструктура на Шар Планина, реконструкција на планинарски дом „Љуботен”, воспоставување на Регионален Систем за  Менаџирање со информации од туризам и воспоставување на Ситуациски кризен центар со систем за набљудување и рано предупредување на Попова Шапка, наведуваат од Центарот за полошки плански развој.

Центарот во рамките на апликацијата, подготви План за управување со животната средина за проектот  со цел навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности.

Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности.

Електронската верзија од Планот за управување со животна средина за проектот е достапна на веб страниците на проектната канцеларија: www.lrcp.mk, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ: www.tourismmacedonia.gov.mk Центарот за развој на Полошкиот плански регион: https://rdcpolog.mk/

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Инфо компас

Повик до граѓаните за присуство на едукативна здравствена работилница за превенција на мозочен удар

24/03/2023
Инфо компас

Прекини во напојување со електрична енергија на 23 март

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Почнаа подготовки за претставата „Бог на масакрот“ прва премиера на Тетовски Театар за 2023 година

21/03/2023
Следна објава

Прв ден во Тетово и Армијата во помош на полицијата за одржување ред пред објектите

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.