Полициски службеници на СВР Тетово вчера (2 јануари) околу 21 часот, во близина на железничката станица во тетовско Ратае, ги лишиле од слобода А.К.(24), Ш.А.(37), Ѓ.К.(25) и З.К.(27), сите од Скопје, поради сомнение дека на поширокото тетовско подрачје извршиле повеќе кражби.
Четворицата скопјани задржани се во Полициската станица Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок, соопшти денес СВР Тетово.