Вчера (2 јануари) во 16 часот Г.Н.(47) од тетовска Мала Речица во СВР Тетово пријавил дека дента во периодот од 12 до 12 часот и 30 минути, Г.И.(44) од Тетово дошол во дворот пред неговата куќа и заканувајќи му се, побарал за 24 часа да му даде поголема сума парични средства, инфомира СВР Тетово.
Набрзо Г.И. е обезбеден во Полициската станица Тетово и се работи на расчистување и документирање на случајот.