Центарот за јавно здравје Тетово информира дека поради Ковид-19 почината е 46 годишна жена од населеното место Јажинце при општина Јегуновце, која воедно имала и хронични болести. Таа е 26-тата почината поради Ковид-19 во тетовскиот регион.
-На поширокото тетовско подрачје бележиме 11 нови случаи на заболени со Ковид-19, од кои 6 се во рамки на општина Тетово, 3 во општина Јегуновце и по еден случај во Боговиње и Желино, информираше Зорица Зафироска, специјалист по едимиологија при Центарот за јавно здравје.
Тетовскиот регион сега бележи вкупно 312 случаи со коронавирус. Оздравени се 141, а активни случаи се 146.
А.С