• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Четири нови заразени, 13 излечени од Ковид-19

На тетовското подрачје се бележат 13 излечени лице од Ковид-19, а 4 нови заболени, информира денес Министерството за здравство. Со тоа севкупната бројка на заболени изнесува 90.

04/05/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На тетовското подрачје се бележат 13 излечени лице од Ковид-19, а 4 нови заболени, информира денес Министерството за здравство. Со тоа севкупната бројка на заболени изнесува 90.

Од друга страна, според информацијата од кризниот штаб на општина Тетово брои вкупно 89 заболени од КОВИД-19 или по општина Тетово 39 (починати 2), Боговиње 29 (починати 2), Теарце 6, Брвеница 6 (починaто 1) Јегуновце 4 и Желино 5 заразени (починато 1 лице).

-На 04.05.2020 година во Тетово и општините денес се регистрирани 4 нови случаи со КОВИД-19. Досега се излечиле 42 лица, а 6 починале, информира Теута Арифи.

Според министерството за здравство до 3 мај 2020 на подрачјето на тетовско се извршени 358 тестови по епидемиолошка индикација (од кои 80 контролни брисеви) од страна на Центарот за јавно здравје Тетово, додека преку Мој Термин вкупно 132.

Кризниот штаб на општина Тетово информира дека во текот на изминатите три дена се врши достава на заштитни опрема до граѓаните, со најава дека ќе продолжи и наредните денови. Според градоначалничката Теута Арифи ќе бидат дистрибуирани 15 илјади пакувања со заштитни маски, нараквици и летоци со информации, како превентивна мерка за заштита од ширење на КОВИД19 на територијата на општина Тетово.

-Според планот на дистрибуција, започнато е со централните и приградските населби, а во наредните денови ќе бидат опфатени селата на општина Тетово. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на вработените во општинската администрација како што е јавното претпријатие Градски паркинг за нивната активна вклученост и нивната работа во пакувањето и дистрибуирањето на овие пакети до домовите на граѓаните, истакна  Арифи.

Од кризниот штаб потенцираат дека од СВР Тетово информирале дека за време на викендот што поминал во општина Тетово, биле дадени 48 писмени забелешки за не носење заштитни маски, а утврдени се вкупно 25 прекршувања на полицискиот час.

Во изолација по одлука на општина Тетово се вкупно 181 лице, во самоизолација 66, додека во државниот карантина на Попова Шапка има 117 лица.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.518 лица, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441 лице.

 

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Во чест на Гоце Делчев-хорот Менада со изведба на „Песна за Гоце“ од Тодор Скаловски

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.