• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Членови на планинарскиот клуб Љуботен ќе ги искачуваат највисоките врвови на Словенија и Австрија

Искачувањето на Триглав во Словенија на 2864 метри надморска височина е предвидено за во недела 21 јули , додека наредниот ден во понеделник на Гросглокнер во Австрија на 3798 метри.  

19/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Дваесет члена експедиција од планинарскиот клуб Љуботен од Тетово денес заминува на искачување на највисоките врвови во Словенија и Австрија. Искачувањето на Триглав во Словенија на 2864 метри надморска височина е предвидено за во недела 21 јули , додека наредниот ден во понеделник на Гросглокнер во Австрија на 3798 метри.

-Искачувањето на врвови во странство е дел од годишната програма, па годинава се одлучивме за Триглав и Гросглокнер. Два месеци, од мај, се подготвувавме. Имавме предвидено и се искачувавме еднаш неделно на врв на над 2500 метри, секојдневно тренинг со искачување до ридот Балтепе над Тетово. Во последниот месец вежбавме  движење наречено „Виа Ферата“. Тоа е алипинистичко искачување на карпи но со претходно поставени сајли за вертикално движење, изјави Владимир Златковски кој заедно со Јованче Даниловски се главни организатори на 20-члената екипа.

Водичи во планина ќе бидат искусните алпинисти Надир Мурсели од ПК Љуботен и Зоран Мајсторски од Радовиш.

-Глосглокнер е дел од Алпите и највисок врв во Австрија каде ќе се соочиме со снег. Треба да се помине глечер како и карпест дел каде ќе се примени движењето Виа Ферата.  На Гросглокнер ќе се искачуваат помалку луѓе од групата, поточно 15, рече Златковски.

Дел од групата која нема да оди на Гросглокнер ќе го посети Планинскиот музеј на Словенија во Љубљана каде ќе се однесе дел од архивата на клубот за презентација. Со музејот е предвидено да се соработува за заеднички проект и изложба.

Тагови: ГлосглокнерПК ЉуботенТриглав

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Концерт на класична музика во тетовскиот Центар за култура

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.