• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Шеесетина планинари на летното искачување на Титов врв

Како карактеристика на летното искачување се погодните и речиси непроменливи временски услови кои даваат можност за поголемо планинарско задоволство при пешачењето до Титов врв, велат од клубовите.

26/08/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На 11-тото традиционално летно искачување на најависокиот шарпланикси Титов врв учествуваа 60-тина планинари информираат од планинарските клубови „Тетекс“ и „Јелак“ од Тетово кои заеднички ја организираат манифестацијата. Сите планинари кои тргнале на походот успешно се искачиле до 2747 метри надморска височина и се вратија на Попова Шапка.

-Според предвиденото искачувањето започна од 7 часот на Попова Шапка и траеше се до 10:30 часот кога првите планинари стигнаа на одреденицата на Титов врв.  По пат сите кои се чувствуваа подготвени однесоа дел од материјалите што колегите од ПД „Аргентус Моунт“ го носат за реконструкција на планинарската кула на Титов врв, изјави Борис Стојановски-Цули од ПК „Јелак“.

Како карактеристика на летното искачување се погодните и речиси непроменливи временски услови кои даваат можност за поголемо планинарско задоволство при пешачењето до Титов врв, велат од клубовите.

-Идеално време со значително пониски температури од градовите и тоа до 10 –тина степени помалку. Важно е што немаше дожд и ветер и постојано беше така во текот на сите часови на искачување, престој и враќање кон Попова Шапка, рече Стојановски.

На врвот планинарите се задржале околу два часа за да одморат, да се поделат благодарници и налепници за учество. Враќањето било започнато околу 12:30 часот.

 

Тагови: 2747 мнвјелакЛетно искачувањететекститов врв

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Поголем дел од Тетово без електрична енергија поради искинат подземен кабел

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!