Пет луѓе болни од Ковид-19 починаа во тетовската болница и уште еден во скопската болница “8 септември” за изминатото деноноќие, информира Министерството за здравство.
Во скопската болница починал најмладиот пациент од Тетово на 58 години. Во Тетово починати се пет лица на возраст 60,63,69, 72 и 77 години. Двајца од починатите се од Тетово, и по еден од Мала Речица, Пирок и Камењане. Вкупно починати од Ковид-19 во тетовско се 49 лица.
Од новите 150 случаи, во тетовско има 12. Од нив 7 се во општина Тетово, по двајца во Боговиње и Желино и еден во општина Јегуновце. Сега активни случаи има 374 или вкупно 640.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти од кои тројца се од тетовско.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.