Директорот на јавното претријатие за државни патишта (ЈПДП) Зоран Китанов со градоначалникот на опшина Желино Блерим Сејдиу денес разговараа за претстојната реконструкција на регионалниот пат р402 од Тетово до Групчин или попознат како стар пат Тетово-Скопје. Директорот на јавното претријатие истакна дека после 30 прв пат се прави целосна реконструкција на оваа делница.
-Станува збор за целосна реконструкција на потегот од Карпалак до Желино, до пред една година имаше потфат на еден сегмент, но најбитно е што е многу оштетен во овие 30 години и сега одиме со целосна реконструкција. Тој е дел од проектот на ЈПДП со Европска банка за обнова и развој ЕБРД за 25 патни правци кои се критични а со голема фреквенција, рече Китанов.
Директорот рече дека патот е проектиран лани, а годинава ситуацијата со Ковид-19 е причина градежните работи да започнат подоцна од предвиденото.
-Вработените во ЕБРД работеа од дома, тоа беше причина за пролонгирање на постапката. Но сета документација е завршена, избран е изведувач и има добиено насоки да се подготвува бидејќи очекуваме за пет дена да се почне со работа. Тоа значи дека ќе има и времен режим на сообраќај, што значи дека ќе се работи и ќе се вози, па апелирам граѓаните да бидат трпеливи, рече Китанов.
Општна Желино лани работеше на санација на дупките на патот.
-Конечно по 30 години се реконструира овој пат. Делницата е една од најфреквентните во регионот. Има многу бизниси долж патот и луѓе кои одат на работа, а воедно се користи и од граѓаните кои од Тетово и Гостивар работат во Скопје, како и луѓе кои по потреба одат за главниот град, рече Блерим Сејдиу, градоначалник на Желино.
Директорот на ЈПДП истакна во тековните нивните активности е исчистен сметот долж автопатот Скопе-Тетово-Гостивар, при што за носење се користени 15 камионски превози и апелираше граѓаните да ја одржат чистата средина.
А.С