• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Јубилеен 65-ти Илинденски слет до Лешница и логорување

Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово успешно го организираше 65-тиот по ред Илинденски слет до месноста Лешница на Шар Планина на 2-ри август петок со еднодневна тура, како и четири дневно логорување од четврток до недела 1-ви до 4-ти август.

05/08/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово успешно го организираше 65-тиот по ред Илинденски слет до месноста Лешница на Шар Планина на 2-ри август петок со еднодневна тура, како и четири дневно логорување од четврток до недела 1-ви до 4-ти август. За потребите на кампот и дневната тура на Лешница неколку дена претходно беа изработени и поставени маси и и клупи за престој, како и извршено чистење на локацијата од смет.

-Во кампот ноќеваа 30 планинари, а на 2-р август во рамки на Илинденскиот слет уште 40 луѓе дојдоа до Лешница. Од таму беа посетени Кадите на Кривошијска река со враќање кон Бозовце. Членовите на кампот во текот на 4-те дена направија повеќе планинарски тури до Кривошиски водопад, Титов врв, Караниколичко езеро и Скакаличко езеро, инфомира Јован Божиновски, претседател на ПК Љуботен.

Покрај домашните планинари на оваа тура и логорување престојувале планинари од Хрватска и Словенија.

 

Тагови: лешницалогорувањеПК Љуботен

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Посебна регулација на сообраќајот поради асфалтирање на делницата Пршовце-Непроштено

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.