• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Јубилејно 10-то издание на манифестацијата „Денот на гравот“ се одржа во тетовско Теарце

Посетителите на оваа манифестација како и секоја година имаа можност да дегустрираат храна подготвена од ученици, како и грав подготвен од страна на организаторите „Центар за едукација и развој“ (ЦЕД) од Теарце.

21/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По јубилеен 10-ти пат во тетовско Теарце се одржа манифестацијата „Денот на гравот“ која има за цел промоција на најпознатиот земјоделски производ во регионот како и етно-културната разноликост на подрачјето. Посетителите на оваа манифестација како и секоја година имаа можност да дегустрираат храна подготвена од ученици, како и грав подготвен од страна на организаторите „Центар за едукација и развој“ (ЦЕД) од Теарце.

-Десет години опстојуваме и покрај сите потешкотии со кои се соочуваме. Продолжуваме со манифестација која е богата со гости, активности и програма. Една од целите да бидат сите на една маса. Тоа може да се види и денеска без разлика на сите поделби на општеството, сите заедно сме тука без предрасуди, изјави Лазар Ѓорѓевски од ЦЕД.

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми истакна дека оваа манифестација е една од тие што ги обединува луѓето.

-Пред 10 години беше една манифестација која почна заради промоција на земјдеолски производ и стана манифестација која обединува по етничка и религиозна основа што е убавината и на регионот и на државата, да покамежеме дека имаме култура и традиција на заедништво, рече Адеми.

Сите посетители имаа можност да пробаат од гравот кој го подготви готвачот Димко Ѓорѓески.

-За над 400 лица ставивме 20 килограми грав, 5 килограми пиперки, 5 килограми кормид и едне килограм лук. Гравот годинава е добар иако имаше мал род, објасни готвачот.

На манифестацијата традиционално настапија културно уметничките друштва од трите националности македонска, албанска и турска кои живеат во регионот.Овогодинешниот настан беше збогатен и со одбележување на „Европскиот ден на зелениот појас“со изложба на фотографии и филмови од германската фондација Евро-натур. За прв беше како дел од настанот во канцеларијата на ЦЕД, се организираше акција за донирање на крв во соработка со Црвениот крст на Република Македонија.

Тагови: Денот на гравоттеарце

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Затворени улици за сообраќај поради „Ден без автомобили“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.