• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Ќе се одбележат 250 години од раѓањето на Кирил Пејчиновиќ – Тетоец

28/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во четврток 1-ви јули во Тетово ќе се одбележат 250 години од раѓањето на просветителот, народниот учител и игумен Лешочки, Кирил Пејчиновиќ – Тетоец. Настанот го организира Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи, а ќе се одржи пред платото од новата управна зграда на Музејот на тетовски крај, објектот познат како поранешен Дом на Армијата во Тетово со почеток во 20:30 часот.

-Неговите лик и дело остануваат особено трајно врежани во меморијата на македонскиот народ од тетовскиот крај, од каде потекнува и овој голем народен деец. Искажувајќи почит и благодарност кон големите личности од нашето славно минато, како народ го оправдуваме и заслужуваме појавувањето во иднина и на нови такви поединци кои оставаат трајни вредности. Пригодната програма ќе допре до секој присутен, ќе имаме можност да се потсетиме на колосалното дело на просветителот и заедно да ја изразиме нашата почит, информира Даријан Сотировски, директор на Комисијата

Во рамки на одбележувањето ќе се постави и изложба на избор портрети, дела на големиот академски сликар Павле Кузмановски, која ќе биде отворена непосредно после свечената програма.Настанот ќе се одржи согласно важечките препораки за заштита од коронавирусот изречени од здравствените власти за отворен и затворен простор. 

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

СВР Тетово со интензивни контроли во угостителските објекти поради бучавост и присуство на малолетници

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!