• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Ќе се одржи 43-тото издание на меморијалниот одбојкaрски турнир „Бранко Хаџииљоски-Чајка“

Учествуваат репрезентациите на Македонија, Украина, Бугарија и Белгија. Натпреварите ќе се играат во спортската сала „Градски парк“ во Скопје петок 30-ти и сабота 31 август.

29/08/2019
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Препознатливата тетовска спортска манифестација традиционалниот меморијален одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски-Чајка“ годинава ќе има натпревари на одбојкарски репрезентации. Ова издание ќе се одржи во Скопје петок 30-ти и сабота 31 август, најавија организаторите од семејство Хаџииљоски, Агенцијата за млади и спорт, Одбојкарската федерација на Македонија и Сојузот на спортски федерации на Македонија.  Учествуваат репрезентациите на Македонија, Украина, Бугарија и Белгија.

Натпреварите ќе се играат во спортската сала „Градски парк“ во Скопје. Распоредот на одигрување на натпреварите е следен:

Петок 30-ти август
17:30час. Украина-Македонија
20:15час. Бугарија-Белгија

Сабота 31-ви август
17:30час.Натпревар за трето место
20:15час.Натпревар за прво место
21:30час.Затворање на турнирот

Македонската репрезентација со овој турнир ќе има завршна подготовка за Европското првенство кое од 13 до 29 септември ќе се игра во 4 земји-Словенија, Белгија, Франција и Холандија. За прв пат Македонија игра на Европско првенство, а натпревари од првата фаза по групи ќе ги игра во Љубљана, против Словенија, Финска, Турција, Русија и Белорусија.

 

Тагови: меморијален турнир бранко хаџииљоски чајка

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Дефиле на играорци вечерва во 20 часот на тетовскиот плоштад

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.