Марк Грин, администраторот на Агенцијата за меѓународен развоја на Соединетите Американски Држави (УСАИД) денес го посети Универзитетот на Југоисточна Европа. Со работата и резултати на Универзитет го запозна ректорот Абдулменаф Беџети.
– За Универзитетот ова е големо признание да го посети човек од ваков висок рнаг на таа институција, кој иако е еден ден во Македонија беше два часа. Воедно тоа е обврска за нас да ги следиме нивните преораки да бидеме што е можно повеќе до приваниот сектор односно да генерираме профили и кадри за пазарот на трудот базирано на практично знаење. Ние за разлика од другите сме, практчината настава е значително приутна и сега ќе се обидеме уште повеќе да ја имплементираме, истакна ректорот Беџети.
Пошироката цел е наоѓање на работни места тука и намалување на емиграцијата.
-Ќе се обидеме таа практична работа да ја има во сите студиски програми, што на долг рок ќе значи можност а стопиразње на емигратскиотегзодус и поширикото можности за вработување. Во таа насока гостинот Марк Грин, го запознавме со Технолошкиот парк, Центар за кариера и Бизнис иноватиен центар каде студентите имаат практичан работа и можност за вработување. Во технолошкиот парк имаме 13 компании над 300 студенти со практична работа како и 3 американски компани кои обезбедуваат услуги за американскиот пазар со по 10-тина вработени,рече Беџети.
Администраторот Грин на мини-саем се запонна и со компании од Македонија кои оствариле соработка и бизнис развој со поддршка на програмите на УСАИД.