Патничко возило од компанијата БМВ кое вчера било пријавено за украдено во Тетово денес било најдено од полициските службеници, инфомира СВР Тетово. Возилото имало германски таблици и во сопственост на печалбар. За украдено, возилото го пријавил негов роднина кој го возел па му го украле со оглед дека ги оставил клучевите во автомобилот.
-Денеска околу 13 часот, на локалниот пат Стримница-Челопек полицајците го нашле патничкото возило „БМВ“ со германски регистарски таблици. Инаку вчеравечер околу 23 часот и 40 минути било пријавено дека е одземено на улица „Штипска“ во Тетово, од страна на 45-годишниот тетовец Р.В, информира Марјан Јосифовски портпарол на СВР Тетово.
Извршен е увид, по што возилото ќе му биде вратено на сопственикот.