Александар Велјановски од Тетово, пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ е именуван за организационен секретар на ниво цела изборна единица 6. Одлуката е донесена седница на партискиот Извршен комитет.
-На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ сум именуван за Организационен секретар на ВМРО-ДПМНЕ за Изборна единица бр.6. Изминативе три години како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ учествував во донесувањето на големи одлуки со кои застанав на страната на мнозинството Македонци на кои Македонија им е света работа. Во периодот кој следи, како Организационен секретар на ИЕ 6 ви ветувам неуморна работа на терен и подадена рака кон сите кои и мислат добро на Организацијата и на Македонија. Почитувани, членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ, време е сите заедно да тргнеме против мафијата на власт, да и помогнеме на Организацијата за да ја зачуваме Македонија, истакнува Велјановски на својата страницата на социјалната мрежа Фејсбук.