Препознатливата тетовска спортска манифестација традиционалниот меморијален одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски-Чајка“ годинава ќе има натпревари на одбојкарски репрезентации. Ова издание ќе се одржи во Скопје петок 30-ти и сабота 31 август, најавија организаторите од семејство Хаџииљоски, Агенцијата за млади и спорт, Одбојкарската федерација на Македонија и Сојузот на спортски федерации на Македонија. Учествуваат репрезентациите на Македонија, Украина, Бугарија и Белгија.
Натпреварите ќе се играат во спортската сала „Градски парк“ во Скопје. Распоредот на одигрување на натпреварите е следен:
Петок 30-ти август
17:30час. Украина-Македонија
20:15час. Бугарија-Белгија
Сабота 31-ви август
17:30час.Натпревар за трето место
20:15час.Натпревар за прво место
21:30час.Затворање на турнирот
Македонската репрезентација со овој турнир ќе има завршна подготовка за Европското првенство кое од 13 до 29 септември ќе се игра во 4 земји-Словенија, Белгија, Франција и Холандија. За прв пат Македонија игра на Европско првенство, а натпревари од првата фаза по групи ќе ги игра во Љубљана, против Словенија, Финска, Турција, Русија и Белорусија.