• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

14 годишната Михаела Мишовска обезбеди пласман на Европско карате првенство во Будимпешта

20/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Михаела Мишовска 14 годишна ученичка и каратистка на КК Тигар Беловиште изминатиот викенд обезбеди пласман на Европско првенство кое треба да се одржи во февруари 2020 во Будимпешта во Унгарија, а воедно и на Балканското првенство во декември во Словенија.

-Таа се пласираше откако на Државното првенство во Скопје го освои првото место во натпреварувањето во категоријата минус 47 килограми за кадети во кумите индивидуално во женска конкуренција како и првото место во плеј-офот на најдобрите пласирани на прво, второ и две трети места. Михаела го обезбеди пласманот без ниту еден пораз, изјави Живорад Мишовски нејзиниот татко и тренер во карате клубот Тигар.

Првото место на државното првенство значи автоматски пласман и на балканското првенство во Брезице во Словенија во декември. Ова е трето учество на Михаела на Балканско првенство откако лани настапуваше во Белград, Србија и во 2017 во Истанбул, Турција.

Михаела е ученичка во деветто одделение во ОУ Симче Настовски во Вратница, од каде добива голема поддршка од раководството и наставниот кадар за настапување на спортските натпреварувања, потенцираат нејзините родители и тренери Живорад и Сребра.

 

Тагови: 14 годишнаЕвропско карате првенство во БудимпештаМихаела Мишовскапласман

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

47 годишна жена пријавена во полиција за агресивно однесување во центарот за социјални работи

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.