Тетовската полиција бележи изречени 25 казни за неносење заштита на лице согласно владината уредба за спречување на ширење на коронавирусот. Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека глобата за неносење заштита на лицето, според предвиденото во споменатата Уредба, изнесува 20 евра во денарска противвредност за физички и 2000 евра за правни лица, плус 500 евра за одговорното лице.
-Заштитата на лицето подразбира да се прекрие устата и носот со маска, свилена марама, шал, памучна прекривка и друго. Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период ќе продолжи со целосно спроведување на оваа Уредба и ефикасно ќе го санкционира нејзиното непочитување, потенцира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (2/3.06), нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 64 лицa додека вкупно биле контролирани 352 лица со такви решенија. Изјави за самоизолација потпишале 24 лица додека контролирани биле 70 луѓе со потпишани изјави за самоизолација.
Во содејство со Државен пазарен инспeкторат биле контролирани вкупно 49 угостителски објекти.
А.С