Ноќеска (26 август) во 3 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовската клиничка болница бил донесен за укажување на лекарска помош 30-годишниот Б.И. од тетовско Седларево, кој имал повреди на главата, информираат денес од СВР Тетово.
Според Б.И., тој бил повреден во физички напад што се случил во угостителски објект во селото. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.