Во текот на минатата (2023 година) на подрачјето на СВР Тетово евидентирани се вкупно 132 кривични дела поврзани со семејно насилство (ТЕ-72 и ГВ-60) или 21 дело помалку во споредба со претходната година.
Повеќе од половината од овие дела (ТЕ-38 и ГВ-37) биле со нанесување телесни повреди. Во ланските кривични дела вкупно бил инволвиран, односно пријавен 131 сторител, а најголемиот број од нив се целосно расчистени и заокружени со 113 кривични пријави.
Меѓу сторители и натаму се најбројни машките лица (122), претежно сопрузи, поранешни, вонбрачни сопрузи, татковци, синови и други, а се среќаваат и 9 женски лица-сторители на ваков вид насилство.
Бројот на „жртвите“ на семејно насилство во овој период, пак, изнесувал 130, од кои дури 106 биле женски лица (сопруги, поранешни, вонбрачни, мајки, сестри), како и 24 машки лица, најмногу татковци и синови.
Најчести причини за овој вид насилство, според досегашните сознанија и професионални искуства на СВР Тетово, се нервните растројства, разно-разните пороци, а пред се алкохол, дрога и друго.