Две девојки на 23 и 24 години пријавиле дека 37 годишна жена физички ги нападнала откако претходно се раправрале со нејзиниот сопруг. Причина за расправијата била сообраќајна незгода. Полицијата бележи физичка пресметка во угостителски објект како и закани по живот за жена од сопругот
-Во СВР Тетово вчера Б.О.(24) од тетовско Нераште и А.С.(23) од тетовско Слатино во СВР Тетово пријавиле дека околу 15 часот во Нераште физички биле нападнати од 37-годишната В.Т. од ова село, откако претходно вербално се расправале со нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.
Тетовската полиција вчера бележи физичка пресметка вчера околу 20 часот помеѓу сопственик на угостителски објект и гостин.
-Во СВР Тетово пријавено е нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект на улица „121“ во Тетово, со физичка пресметка помеѓу С.С.(24), сопственик на објектот и Ќ.Ц.(38), кој престојувал во објектот, двајцата од Тетово. На пресметката и претходела нивна меѓусебна вербална расправија во угостителскиот објект. Двајцата инволвирани во тепачката приведени се во Полициската станица Тетово и се расчистува случајот, соопшти СВР Тетово.
Педесет и едногодишна жителка на тетовско село вчера во 14 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 14 часот нејзиниот 56-годишен сопруг ја навредувал и се заканувал по животот. Пријавениот, еден час подоцна, лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.
А.С