Соопштение на СВР Тетово 16 јули 2024 година
На 15.07.2024 во СВР Тетово, 35 годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од А.А. од тетовски Порој и Ф.С.(30) од тетовско Ларце. Според пријавеното, во мај 2022 година тој се договорил со А.А. да му направи мебел за куќата во вредност од 3500 евра, а како компензација му го дал неговото возило „фолксваген голф“, кое ќе му го префрли на негово име откако А.А. ќе го направи и испорача мебелот. Како што е пријавено, до денот на пријавување А.А. не го направил мебелот и не му го вратил возилото, туку возилото го продал на авто плацот на Ф.С., кој пак го продал во отпад. Ф.С. бил лишен од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
…
На 15.07.2024 во 20.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Р.М.(65) од Гостивар поради основано сомнение дека извршил кражба на велосипед. Украдениот велосипед бил пронајден кај него и бил вратен на сопственикот. Р.М. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.