Соопштение на СВР Тетово
На 03.10.2024 во 19.40 часот во СВР Тетово, Х.Б.(51) од Тетово пријавил дека околу 15.00 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
……
На 03.10.2024 во 18.55 часот во СВР Тетово, А.Ј.(42) од Тетово пријавил дека околу 18.00 часот на улица „180“ во Тетово, поради недоразбирање околу незавршени работи за кои му платил, бил физички нападнат од Л.„Н“, кој го оштетил и неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
……
На 03.10.2024 во 14.40 часот во СВР Тетово, 29 – годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, лицето влегло во продажниот објект каде што работела и одбрал производи за кои требал да плати 3050 денари. Како што е пријавено, со изговор дека има само девизи и дека треба да ги размени за да плати, лицето излегло со производите и не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…….
На 03.10.2024 од 10.00 до 13.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово, постапиле по план за преземање мерки и активности за спречување и сузбивање на питачење на подрачјето на СВР Тетово. Притоа, во 12.40 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово бил затекнат И.К.(52) од Скопје како питачи и на него му бил изготвен соодветен поднесок.