Соопштение на СВР Тетово 15 декември 2024
На 14.12.2024 во 09.35 часот во СВР Тетово, од Ургентен центар при Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ф.Р.(67) од с.Камењане, тетовско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување земјоделски работи со машина за собирање пченка во сопствена нива во атарот на с.Камењане. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
На 14.12.2024 во 21.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(39) од с.Шипковица, тетовско, удрило во пешакот Љ.С.(60) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Љ.С., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.