• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

59 годишна жена почина од коронавирус, еден излечен пациент, без нови заболени

Министерството за здравство денес информираше дека болницата „8 септември“ во Скопје починала пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина. Со овој случај тетовскиот регион бележи седум луѓе кои починале како заболени од Ковид-19.

05/05/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерството за здравство денес информираше дека болницата „8 септември“ во Скопје починала пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина. Со овој случај тетовскиот регион бележи седум луѓе кои починале како заболени од Ковид-19.

Меѓу 21 оздравени луѓе од цела Македонија има и едно лице од Тетово, а нема нов заболен во овој регион.

Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на КОВИД-19 во Македонија.

Согласно ова вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.

Во текот на изминатото деноноќие,  според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот 4/5 мај по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ова подрачје 2 лицa не ја почитувалe забраната за движење.  Двете лица се лишени од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од Кривичниот законик, истакнуваат од СВР Тетово.

-Исто така, според статистичките податоци на СВР Тетово, во изминатото деноноќие на 19 лица во тетовскиот регион издадени им се решeнија за изолација, а изјави за самоизолација потпишале 10 луѓе. Во овој период контролирани се 146 лица со решeнија за изолација и 45 лица со потпишани изјави за самоизолација, информира тетовската полиција.

За неносење на заштитни маски писмено предупреден се шест лица.

Поврзани објави

Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Следна објава

Владата донесе одлукa за прифатливост на предлозите за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.