Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на Ковид-19 од кои 9 се во тетовското подрачје. Активни се 391 случај со коронавирус во тетовскиот регион.
Според Центарот за јавно здравје од 9-те позитивни случаи 6 се од општина Тетово, 2 од населените места во Желино и 1 од општина Боговиње.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од кои 10 се од тетовско или вкупно 328 оздравени во тетовско.
Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.