Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Тетово Александар Велјановски до јавноста испрати реакција со осуда за сквернавење и вандализмот на црквата на Тетовско Кале
„За најостра осуда е актот на вандализам кој се случува токму во денови на пост пред Велигден и рамазански пости кога се повикува на мир и почитување.
Апелирам до институциите итно да преземат мерки за откривање на вандалите и истите да бидат изведени пред судот и истите да одговараат за сторени кривични дела.
Недозволиво е вторпат да се вандализира имотот на црквата на тетовското Кале што веќе преставува континуитет на дела кои што се повторуваат и директно се насочени против верниците христијани.
Ги повикувам граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации.
Ред ќе има, ќе има и одговорност за криминалците кои прават дела против верата и религијата“, вели Велјановски.