Директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски до јавноста со осуда за повторното вандализирање на манастирот св. Атанасиј на тетовското Кале:
Осуда за повторното вандализирање на манастирот св. Атанасиј на тетовското Кале
Еднаш, два пати, три пати. Колку пати треба да се повтори и колку осудувањето навистина вреди.
Дали оној кој го оштети храмот, денес е посреќен од вчера?
Суштината на проблемот е во неказнивоста и во допуштањето одреден неприфатлив однос, тенденција или наратив да тлее долго време.
Тука одговорност има целото општество и сите институции кои таквиот квази-националистички пубертет погласно и поенергично не го потиснуваат и сечат во корен.