Нашол паричник полн со денари и евра, картички од банки, лична карта и документи па со помош на полиција ги вратил на сопственикот. Чесното дело го направил32 годишен тетовчанец на неколку часа пред дочекот на новата година. Торбичката ја нашол на пет километри пред да се стигне во Тетово од страна на Скопје на бензинска пумпа на автопатот. Тргнал кон полиција, а на влез во градот наишол на сообраќајна патрола. Ги предал предметите, па побарал од полицајците да го вратат најденото.
Полицијците почнале веднаш со работа и за околу три и пол часа го нашле сопственикот, жител на Скопје кој патувал од таму кон Охрид.
-На 31 декември 2023 година во 10 часот и 45 минути на патролна служба пред влез на Тетово кај клучка Север и пришло лице кое носело торбичка и информирало дека ја нашло на бензинска пумпа. По преземени мерки, полициски службеници околу 14 часот и 20 минути го нашле сопственикот и му го вратиле сето тоа. СВР Тетово ја поздравува постапката на тетовецот и апелира граѓаните да го следат овој пример, потврдуваат за случајот од СВР Тетово.
Скопјанецот е роден 1982 година, а во торбичкат имало паричник со пари, банкарски картички, лични документи но и предмети како УСБ, клучеви и други работи.
А.С