Соопштение на СВР Тетово 2 јануари 2024
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (1 јануари) во 16 часот го лишиле од слобода 32-годишниот тетовец З.Ј., кој претходно бил пријавен од неговата 36-годишна сопруга дека во куќа во тетовско село, каде престојувале, физички ја нападнал и и се заканувал. При лишувањето, од З.Ј. била одземена ловечка пушка со 45 куршуми, сопственост на неговиот дедо. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.
Педесетгодишниот тетовец Ж.В. вчера (1 јануари) во 8 часот во СВР Тетово пријавил дека околу 3 часот пред угостителски објект во тетовско Туденце физички бил нападнат од М.Т. од ова село, кое го познавал и со кого вербално се расправале. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Вчера (1 јануари) во Полициска станица Тетово во 18 часот била задржана за натамошна постапка А.Л.(42) од Република Косово, која половина час пред тоа била приведена на граничниот премин Јажинце, а поради непријавен престој во нашата земја. Против А.Л. ќе следува поднесок.