Соопштение СВР Тетово 29 јули 2024
На 29.07.2024 во 00:45 часот пред угостителски објект во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(20) од с.Шемшево, тетовско, И.М.(19) од с.Калиште, гостиварско, А.А.(19) од с.Шемшево и еден малолетник од с.Копачин Дол, тетовско. Тие го нарушиле јавниот ред и мир со учество во физичка пресметка помеѓу повеќе лица, а потоа и физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање нас случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
….
На 28..07.2024 во 16.00 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово – Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Б.М.(44) од селото, кој претходно бил пријавен од неговата 46-годишна сестра дека физички ја нападнал пред нејзиниот дом. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
…..
На 28.07.2024 во 22.45 часот во СВР Тетово, 43 – годишник од Тетово пријавил дека околу 22.30 часот на патот кон Бањиче во Тетово, неговата 40-годишна поранешна сопруга го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон него. Се работи на расчистување на случајот.
…..
Вчера (28 јули) во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени и санкционирани вкупно 106 возачи (ТЕ-91 и ГВ-15) од кои 12 (ТЕ-11 и ГВ-1) со брзина од над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
Од нив 81 пречекорувања (ТЕ-66 и ГВ-15) се регистрирани надвор од населено место, а 25 (ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место. Санкционирани се и 20 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до учесниците во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила, прописи и ограничувања, да ја прилагодат брзината според условите на патот, навреме да ја проверат техничката исправност на возилата, посебно на сопирачките и уредите за управување, но и на светлосната сигнализација, пневматиците и другите системи. На тој начин најнепосредно ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.