Црковниот одбор при православниот храм посветен на Свети Кузман и Дамјан во село Једоарце на ден 14.11.2024 година, четврток организира црковно народен собир по повод патрониот празник на црквата.
Со почеток во 16:00 часот ќе се отслужи празнична богослужба со мал водосвет, режење славскиот колач и благословување на пченица. По завршување на црковната манифестација ќе биде организиран ручек во црковната трпезарија .
Според вековната традиција за овој празник наречена на „ортија“, по зајдисонце во Једоарце, доаѓаат верниците од селото Џепчиште.
„По повод селската слава и главниот патрон Светите Кузман и Дамјан се покануваат сите православни христијани на селската слава, а се повикуваат што помасовно да дојдат што повеќе Једоарчани и Џепчиштани на ортија, за да се зачува традицијата за идните генерации како што се чувала од нашите татковци, дедовци и прадедовци“, се вели во повикот од црковниот одбор при храмот Свети Кузман и Дамјан.
Верниците од Једоарце на „ортија“ во Џепчиште одат за празникот Атанасовден.